„Здив од оган, мирис на паднат метеорит, на усвитен метал. Брод што стасал од некој друг свет.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Одличните ученици ќе подготвеа рецитал, по некое цвеќенце за бистата на паднатите Герои, пардон Херои.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А оваа тврдина беше токму таков споменик на паднатите империи...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Спи во смрдевата и никогаш не разбуди се!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)