Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: VIII PO.бр.701/09. 2. Ако на подготвителното рочиште не дојде тужителот кој 177 уредно е поканет, а изостанокот не го оправда, тужбата се смета за повлечена – ако со тоа се согласил тужениот; а ако тужениот не е присутен, тужбата ќе се смета за повлечена ако во рок од осум дена по приемот на известувањето за повлекувањето не се изјаснил дека на тоа се противи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога судот ќе казни со парична казна или ќе отстрани од судница адвокат или адвокатски приправник како полномошник, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на РМ (чл. 304, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на подготвителното рочиште не дојде тужениот кој уредно е поканет и не го оправда своето отсуство, а не постојат услови за донесување на „пресуда поради изостанок“ (в. подолу), судот ќе расправа со присутната странка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. По приемот на тужбата се вршат подготовки за главна расправа. Овие подготовки опфаќаат: претходно испитување на тужбата, доставување на тужбата до тужениот на одговор, одржување на подготвително рочиште и закажување на главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За овие прашања на подготвителното рочиште можат да се изведуваат докази кога тоа е потребно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако на подготвителното рочиште која било од странките не дојде, а изостанокот го оправда, рочиштето ќе се одложи (чл. 277, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, на подготвителното рочиште, ќе ги предупреди странките за последиците од изостанок на главната расправа (чл. 278, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)