За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За разлика од браќата Чепмен, Sarah Lucas (р. 1962) ги користи популарните претстави за непосредна, често јасно феминистичка критика.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Благодарение на патиките овие дела и конкретно го насочуваат нашето внимание кон адолесцентскиот „ангст“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)