„Всушност“, вели Лефевр, „како би можеле да постојат урбани митови во вистинска смисла на зборот, пред големото пресвртување што го наведува сето општество да се стави на страната на урбаната стварност намалувајќи ги специфичните тежини на земјоделството, селскиот живот, проблемите на селаните?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Новата свежина, трепетот на еден нов сензибилитет во контекстот на урбаната атмосфера, обично се врзува за младата генерација раскажувачи, што од друга страна пак, не значи дека расказот Самураи на Славко Јаневски, на пример, не звучи „модерно”, дури и „помодерно” од расказите и на најмладите и најавангардни автори поместени во овој избор.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Некои се искашлуваа, ’ркаа и плукаа врз тротоарот. Леле, ама култура на урбано живеење!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Неговото задирање во приватноста не е насилно бидејќи изложувањето на феноменот на урбана култура во градски простор мора да биде нешто што граѓаните нема да го доживеат како вознемирувачко продирање во секојдневието, туку како дел од околината со кој се служат и во којшто живеат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)