Митра виде оти и оваа грижа Доста ѝ ја префрли нејзе и почна со нарачувањето: — Ами, шо ќе земиш? — почна на високо да му вика на Стоја.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сакаат скапи златни работи и искомерцијализирани марки, особено ако се на високо материјално стоиште.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кај него се јавува огромна потреба да создадава, а создаденото да биде на ниво на високо поставените стандарди.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За каков порок, за какви низини говориш ти? На високо си ти, недостижна си ти, Ана!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Луѓето од Долнец божем од голема вера ги качиле гробиштата на високо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И тревата и мравите се на повисоко од мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што ќе правиш: откако ќе паднеш, ќе видиш колку си бил на високо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Треба да се промени терапијата
местото на живеење
да се одлета на високо и ведро
да се преземе нешто перспективно
знам, но имам поважни работи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)