Погледна за миг во голотијата над себе. Сите неба се далеку, рече. И моето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Утре ќе сакам да трчам до крај на светот. Денес сакам да ставам кров над себе.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Не: Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечна тајна. Драго небо.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со неколку куршуми во себе, пред сосема да се прости од метежот на тоа споулавено човечко судрување, Питу Гули го видел над себе коњот со вулканска ноздри. Се насмевнал, белината на неговите заби била покриена со крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не знам. Стојам мртов над себе мртов.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги отвори очите за да види и виде над себе војник со нејасно лице.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Очекуваше, постојано со некој страв од секое свое движење, просто како да се вардеше да не го исплаши самото разденување, што газеше наоколу напрстечки со плаховит чекор на срна, а за сето време внимаваше да не испушти од својот поглед ниеден миг на ниеден од сртовите над себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Скрбеше над себе. И мене грлото ми се стегаше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така парализирани го гледаме како го навртува нагоре, во гредите, во керамидите над себе и страшна експлозија!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не ги сакав темните бои, ни бојата на крвта. Не. Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечан тајна. Драго небо.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
3. Над себе набедена спев сум
векот лета непознато те сонев
туѓина спечалив жив да те најдам
- оти твојот ирис на мене мирисал.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)