Кутрињата што се во мене не се обични кутриња, туку кутриња сокли, кои не ќе џавкаат, туку ќе пеат, ќе чуруликаат, ќе кликтат и ќе ве прославуваат, летајќи над вашата глава.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Над ваште невести и ќерки плачете, о бедни, бидејќи за нив нема спас.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Господ ми даде живот да бдеам над вашата судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)