накај (предл.) - него (зам.)

Во еден момент стражарот дури го запира коњот, свртен накај него, и на Пискулиева му се чини дека еве сега ќе го викне: „Еј ти, доброто ми момче, ајде оди ми си надвор, гледам јас дека ти си по грешка овде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сврти се накај него. Така. Уште еднаш.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Боже помози на наши и ти света Богородице... (Оди накај него и вика што и грло носи) Наши уѓоше у Скопље, Богдане.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Налутен, Мече се сврте со грб накај него, обидувајќи се безуспешно да заспие.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Уште на првиот истрел мечката го остави зад себе раскинатото дивојарче и остана свртена накај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали насон или најаве небаре накај него се префрла раката на домаќинката негова, до него легната и заслушнува шепотно потпевнување: - Долетеала пеперуга, ој љуље ој!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Џуџето излезе само еднаш и ги повика децата. Се стрчавме накај него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пак никој не се свртува накај него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се свртевме накај него и не сакајќи се фативме секој за својот клуч.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дедо Владимир стана и тргна накај него: „Зачекај, нешто да ти кажам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Видов, десно од мене неколку балисти се качуваа во мој правец, а во исто време Бошко, мојот школски другар, беше на последната отстапница која ја бранеше на едно педесетина метри од мене, ми викна бидејќи и накај него оделе балистите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Гласовите од балистите ги слушав сè поблизу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога го виде кроткиот изглед на Акакиј Акакиевич во неговото старо виц-мундирче, тој наеднаш се сврте накај него и му рече: „Што сакате? “ – со отсечен и цврст глас, за којшто имаше вежбано намерно во својата соба, сам и пред огледало, една недела пред да го добие своето сегашно место и генералскиот чин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Портирите не само што не стануваа од своите столчиња кога тој поминуваше покрај нив, туку дури и не погледнуваа накај него, небаре низ претсобјето пролетала обична мува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)