накај (предл.) - мој (прид.)

Влеговме во автомобилот и откако по една турканица ми беше заповедано да седнам напред и никако на ниедно друго место, тргнавме накај мојата фамозна, "смрдлива" тетка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тргнав накај мојата три педи широка постела од неизделкани штици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка ми е многу приврзана за мачката и толку.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се препотив веќе не знам по кој пат, кога на вратата слушнав чукање проследено со продорниот шепот на тетка ми: - Васил, добро си, злато?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еве, за тебе најубавото, - и тука ме погледна, со носот покажувајќи ми накај мојата чинија каде што имаше мешавина од лигави и крцкави кожи на кокошки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)