Јас знам дека тоа беше љубов за која требаше да се живее, но наспроти сѐ јас умирав преповторувајќи го секој твој збор, умирав препрочитувајќи го секое твое писмо, умирав додека ги диплев алиштата кои заедно ги купувавме, умирав со проѕевките во ноќните бдеења, умирав без да знам дека умирам, а сега умирам додека те гледам пред мене со сето твое отсуство и се прашувам од кога е тоа така, зошто е тоа така?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Лета јастреб на летното небо
под нечитливиот краснопис на зодијакот
најпрвин во кругови широки и нагли
како скришни помисли
потем сѐ поситно, опсесивно
запира на родното дно
наспроти сѐ друго што и натаму се врти
околу својата замислена оска.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вашите кози – историјата, меморијата, свеста... вашите кози-култура конституираат чудесна , возбудлива, каустична метафора која нѐ чини горди што наспроти сѐ припаѓаме на човечкиот род...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А додека да се случи тоа, можеби по илјада години, тие ќе продолжат да живеат, наспроти сѐ, како птици, пренесувајќи ја од тело на тело виталноста што Партијата ја нема и не може да ја убие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)