Ќе има ли некој Да нè дочуе? (1989) луѓето Минеа низ мене Минат низ нив И на сетен здив Сознавам: Боже мој Колку ли не сум ги Познавал? скица за автопортрет Пламнат, грешен Безутешен Пукнат, стушен Болнодушен Клупнат, чукнат Брзотечен Немир вечен: Не- до- ре- чен. песните што ме болат Капе Мракот: Врела Смола Од мене Така капат Песните Што ме Болат. опомена Не влегувај Низ тие врати Оттаму Враќање нема Нив вечноста ги зема Зашто се за Про кол на ти. збор Виси во воздухот Чудно камче: Збор Чии букви Почудно Треперат и Јаснат.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Доаѓаа На полноќ Чиниш По договор: Стравот на еден Осамен човек И стравот На еден Осамен Збор. Корен Некаде во мене Шири и расне Длабок еден корен Огнозборен. Овошник Дрочен а мал Овошник Во кој сум се Пресоздал вода си „Вода си, Рече ноќта, Можеш Низ мене Да течеш“ „Веда си, Рече громот, Усти низ мене Сѐ што посакаш Да речеш“ ***
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Да не беше овој црн ветер кој сега безмилосно пустоши низ мене и јас, како и Кафка, ќе помислев: не паметам време во кое некогаш бев жив...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога ми го чуја гласот ме препознаа, поцрвенаа, а потоа почнаа да ми мавтаат со рачињата гледајќи низ мене: како помодрува денот, како се скаменуваат боските на мајка ми и постапно како никнува трева меѓу моите коски.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Мојот сон. За широко море, сина птица, поле широко и оџаци на фабрики што чадат, сè уште низ мене, ме прогонува.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Мојот сон не загина, тука е, уште тлее, низ тело лебди, мојот сон, уште низ мене, како знаме на ангелското раме. Се вее.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Филозофот гледаше замислено во мене, како низ мене да гледа, и рече: „Книгите се бездни; кога читаш, секој чита на онаа длабочина или височина до која се кренал неговиот дух.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем, гледајќи низ мене, замислено рече: „Гласот Ж, буквата Ж, кај него ја има а кај нас не. Се прашувам: зошто?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Речиси истовремено некој топол животен зрак проструи низ мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност првпат тоа претпладне, благодарејќи на ова сеќавање на Иван, почувствував дека сум поблиску до сеќидневието на Таша.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одговори ми: каква енергија е таа што низ мене се развива кога ќе помислам на Ирена?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Отпочнува, кој знае која по ред, верзија за животната љубов во приказнава на мојот мелодраматичен пријател, кој, гледајќи низ мене, продолжува да рецитира: - Летото ни беше климакс.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не, не можев да сум поинаков од другите, со нив раснев и од нив учев, и не верував дека е прв ден на пролетта: минува времето низ мене, ме џвака однатре, ќе се споулавам, мислев и ги бришев солзите на пониженоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така, со години, победата родена во одмазда станува дамка на совеста а поразот можел да се крсти подземен заборав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако беше свртена кон мене иако не можев да и ги видам очите,таа гледаше преку мене и низ мене чекајќи го оној, вистискиот, да и вдахне живот, да врати крв и надеж во нејзиниот призрак.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чекорите сосема се доближија и некој, и самиот сличен на сенка, помина крај мене или низ мене и ќе и се доближи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но и таков, во црн рудник страшен, овој живот сепак само наш е.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ги сфатив, нивните мисли минаа низ мене: Пречки на врските, така е, јунаку бушав, скриен во трските можеби не те ни слуша.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Мис е чинеше дека нејзиниот крвоток минува и низ мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Досегнувањето беше бесполезно. Погледот низ мене - Божјо вдаховение.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
2. Во Висините нешто непознато Влече, ме примамува, Нешто непознато од дамнина Потајум низ мене тече Чиниш река скришна, потајна, Некоја далга неспознајна Од зраци создадена Од небото подадена.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Грофот гледаше низ мене во бескрајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Или, што беше уште поверојатно, гледаше во нигдината. – Извинете – реков – а каде гледате? – Нашите чекори треба да ги сообразиме со одот на времето – рече тој. – Може да се мечтае но само во границите на реалното.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Посакав да се соземам
и сѐ уште посакувам
и сѐ уште страхувам од мигот кога станав свидетел
и повеќе од тоа, кога низ мене се прекрши
склопот на тројството, простата пирамида
: не, не е случајно, ни недејствено
ништо кое е совршено!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Немав време да ги впијам, само се мернуваа низ мене, сјајни метеорити, облевајќи ме се ненадеен блескот, кој исто толку ненадејно се губеше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, набргу, кога последните плашливи чекори замолкнаа пред слухот, бесот веќе беше минал низ мене.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Екологисти! - гласно ѝ просаскав на мајка ми, но таа ми одмавна со раката и ја стисна устата сакајќи да ми рече да молчам и да не ја деконцентрирам кога зборува по телефон.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не гледаше веќе низ мене.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како ли би да не битисуваш на прстенот; Стега обезпрстенета спирала- О Мајо таго низ мене; Суша е овде; Земјата и небото Ти се ментолно тиркизно море.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Ноќта помина, денот-година одминува, времето се растура, заминува низ мене, но кога ќе шепнеш тука сум до тебе, кога ќе ти речам среќа моја си, а ти ќе воздивнеш - и ти на мене, срцето бие, воздух нема, умирам, прекрасно вака, конечно будна, вистината, топлината тука е, на ниту едно друго место, освен во прегратките твои, до срцето твое, каде јас престојувам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Како да гледавте низ мене. Јас поцрвенев. Таков сум.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како се раздени — како луња да поминала низ мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)