Се обидуваше, низ таа постојана сага на калдрмата, во која беше впишан Татковиот немир, скриената тишина, предвреме да ги дознае пораките што ги носеше: дали се радосни или се тажни!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
1. Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена под тија буки високи по ќилим сенки широки.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Зборувате ли, ќе најде начин таа да проговори низ таа уста, или, ако ништо друго, устата да ја затвори. Маргина 36 49
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одговорите ќе бидат дисеминирани низ оваа делумно уморна „Маргина“ што повремено, во моментите на некаква шизоидна луцидност, зад живиниот слој на огледалото, токму низ таа мочуришна магла и бледи одблесоци, се гледа себеси само како жаба што голтнала бисер, само ко некое генетски первертирано пајче со вграден, и до мачнина репетитивен, сон за лебед.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ѝ велеше дека сите луѓе, кој порано, кој подоцна, минале низ таа болка, низ тие неволи што ги остава љубовта, но дека тоа со време минува, се излекува, се заборава; таа е треска што затресува, но што врви, преболува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Марија број два, каков е светот низ таа стаклена осумка?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко ги водеше низ таа снежна шума како по друм, без ниеднаш да се подвоуми.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И талкаше така, еден сам човек, низ таа дива шума во снегот; се пробиваше тој низ магличавата пепелавост меѓу стеблата, длабокиот снег му го врзуваше неговото чекорење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, за сето време тој не забораваше да забележи и по некое познато стебло, по некоја позната делканица од секира во корубата од тие дрвја, секогаш држејќи се за нив, како за единствената нишка, што му беше негова низ таа наеднаш толку многу туѓа шума, свесен дека тука некаде во близината на неговата трага мораше да поминува и патот, по кој луѓето од нивното село одеа или се враќаа од Белата Долина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како да плаче мајка, толку болно, а оној се истепал трчајќи низ таа мокра шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Откако минав низ таа геј-иницијација воден од мојот многу помлад љубовник, сега сум устројствено отпорен на тврдењето дека претстоунволската машка геј-култура е безначајна за поскорешните поколенија геј-мажи или дека е застарена – дури и да е, што е неспорно, а сепак чудесно, старинска... и дури и да не може, а да не изгледа древна од нашево сегашно, постоунволско гледиште.
Да се изучува машкиот геј-субјективитет преку изучување на традиционалната машка геј-култура денеска се чини толку многу занимливо токму затоа што изгледа противинтуитивно, толку невидено назадно, особено во контекст на општествените, концепциските и генерациските промени што предмалку ги исцртав.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А познато ни е, нели, дека додека поминуваме низ таа запенета доба нам ниту ни тежат годините ниту ни се чинат како планини недоодните проблеми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, а сега знам: јас сум ништо.“ Идниот ден разговарав со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ноќна прошетка Леонард Мид највеќе го сакаше градот ноќе, кога можеше во магливите ноемвриски вечери околу осум часот да зачекори на тротоарот, да цапка по изгазениот тревник, онака, со рацете в џебови и во која било насока низ таа прекрасна тишина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме посеќаше на сон со летање - само ова беше летање под вода - и тогаш долу гледам едно бебе кое исто така лета, но јасно ми е дека тоа е детето за кое сите мислат дека е мртво, но тоа не е ништо поудавено од мене.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слично е како кога бев малечка и се изгубив на плажата, испаничена лутајќи низ таа шума на влакнести нозе и набрекнати препони, плачејќи по мајка ми.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како и да е, толпата ме носи во водата и ме буткаат подвода, а јас си мислам, толку, сега ќе се удавам, но успевам да си го задржам здивот подолго од што е возможно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)