Потег - болка меѓу очите, јад во срцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не можев да сфатам дека низ ветерот сме ги фрлиле сите надежи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Ма, ти од многу зборување воопшто не ме регистрираш, како да зборувам низ ветер.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Душата не е златна прашина па да ја расфрлате низ ветерот, да ја делите, да ја продавате и на крајот да останете празни, јалови и гнили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дури починуваше војската, летна квечерина се покажаа некои црвени ветрови низ полето што се нафрлија врз тревата Ја легнуваа, ја кршеа, ја фрлаа час ваму – час таму Ја креваа, ја корнеа од земјата Та до мајчина болка низ ветрот пиштеше горката коските како да ѝ ги расчинуваат.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кој знае дали во овој живот ќе имаме можност повторно да се видиме?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)