Во тие неколку ветровити недели додека прашината од улиците како знаме шеташе над покривите, низ дворчето на Перса и одајчето на Пелагија помина Чана со Дончо колку да се открие дека меѓу нив двете, меѓу Пелагија и Чана, не е ништо испречено, туку животот им ги има изместено патиштата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сестрата тој ден ми го откорна фластерот од чело, ми го тргна стариот завој натежнат од крв и во носот ми стави некакви си тампони, ми го покри со нов, чист завој и ме опреми за да можам да се шетам низ дворчето со нова перница на лицето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)