И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рајна се спровира низ долини со изразити височини, но речиси сите опитомени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како заоѓаше сонцето, како гаснеше, усамен младич си пееше низ долината и нешто молеше.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И тоа време, кога првата мрачка ќе почнеше да се валка низ долината, на Бојан му стана најмило.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш се одлеа целата маса народ, како да истече со водата надолу низ долината.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се враќаше до нас...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Гласот се издигаше сосема полека, се брануваше низ долината...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од двете страни на друмот митралезите косеа: Кррр! Кррр! Таа-таа! -одекнуваше низ долината.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Низ долината течеше реката Сатеска.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Стоеше сѐ додека колата не префрли во брзина и не одбрмчи, исчезнувајќи во далечините, низ долината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)