Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
V Климент Камилски доцна во ноќта се најде во царството на своите книги, провлекувајќи се несетум низ коридорот до својата библиотека пред која имаше сопче со работна маса и канабе, во кое по долгото читање понекогаш и заспиваше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И минав низ коридорот на прсти, а кога влегов во одајата на Филозофот, тој се молеше Богу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите натискани со патници, од еден вагон во друг.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Затоа едвај чујно, со ненадејно пресушените усни, седумпати ја промрморува пасхалната желба „Leshana Haba‘a Bi‘rushalayim!“ 3 со која си посакува (и) следната година да оди во Ерусалим, точно во моментот кога стјуардесата поминува со тесната количка низ коридорот на авионот со задреманите патници, нудејќи им го на будните вториот окрепнувачки пијалак, но брзо го одминува белобрадиот рабин кој мрмори со усните помислувајќи дека тој се моли.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нели, многу интересна коинциденција.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако бев слеп ќе знаев дека не си ти – ѝ реков – поинаку мирисаш од неа, но гледајќи те не знам што да речам - а потоа налутен и на себеси и на жената отрчав низ коридорот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бев задишан но и лут на себеси.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Замислете си: таа доаѓаше низ коридорот можеби откај канцеларијата на Грофот а јас бев упатен кон неговата канцеларија!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)