Знаеше-како да не, поим немаше, ама кој му е крив што се прави важен па пропушта такви необични нешта како што беше тоа што се случи вечерта.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Потоа, отпоздравувајќи има на познатите што ќе влезеа во кафеаната, безгласно, само со положена дланка на гради, не толку со занес колку со внимавање да биде разбран и наполно јасен почнуваше да раскажува. Не можев да не поверувам дека неговиот дух не се војва низ минатото, меѓу човечките крводелци и недоразбирање од стојбиштето на неверојатното што сѐ повеќе се сокрива под превез со боја на латици од крваригин цвет; раскажува а ти навлегуваш во зона на мистерија во која се испреплетуваат љубов и омраза, тие моќни чинители на човечките драми и балканските игри низ векови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)