Мртовецот, затворен во железен ковчег, на раце го пренесоа низ населбата, а таму, на гробиштата, го закопаа некако чудно, нехристијански, без камбана и без свештеник, сам Тоде го опеја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но Трајана, итра жена, од страв од нив, да не ѝ направат некоја пакост по патот, и за да ги избегне провирањата под мостовите на железничката линија и песочиштата во реките, на Алилово, до таму ги испраќаа жителите на Потковицата, ја сврти колата низ веселечките ливади. и прекутрупа, и сè така, Ѓоре двесте, триста, чекори напред пред колата, таа водејќи ги полека воловите, излегле на Битолско Џаде, кај Алинци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Човекот и низ населбата го пушти гласот и почнаа луѓето да доаѓаат кај сопственикот на кучето, да го тераат да се одмазди, ама сопственикот се колеба.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бак го нема, па го нема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Шетавме низ населбата, го довикувавме, го баравме насекаде, нозете нѝ отпаднаа од одење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На први јануари - тивко бело заснежено претпладне - шетаа низ населбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)