- Ти имаш ли намуз или не! - Ти не ме оставаш да се омажам, - рече таа низ плачот, горко. - Ја, за овој ќелеш!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Очите и се насолзија и таа низ плач рече: - Мое е учителке, но ми го нацрта мајка ми.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Така ти ја правиш првата стапка низ плач, низ страв. Подоцна читаш во книгите – рахитис...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
А, кога ќе ѝ го скршеа срцето, знаеше низ плач да рече: „Морее, кој плаче за деца! Камен да сум родела, поарно!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Очите ѝ се насолзија и таа низ плач рече: - Мое е учителке, но ми го нацрта мајка ми.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сестра ми ме повлече за полата и низ плач ме праша: - Бате, Кире, ја гледаш ли мама?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Помалото, тригодишниот Коста, гледаше зад себе и, често сопнувајки се, низ плачот викаше : „Мамооо!“
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гледав во црневицата, во толпата, во шумата црна и чемерна и никаде не можев да ја видам мама...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се приближи до Анѓа, ја фати за црните цулувци наквасени со крв и плуканици, и се заѕвери во очите и за последен пат пак преку песна ја праша дали ќе се потурчи, но таа уште повеќе ја исправи главата и писна низ плач дека: каурка се родила, каурка ќе умре; верата не си ја менува, турска кадана не станува...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И почна низ плач да му зборува: Пишман се сторив стопати зашто кренав рака на неа за ништо.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)