низ (предл.) - прашање (имн.)

И во разговорот што го водев со Таша, (сиот протече низ прашања на кои таа божем бараше одговори), некако наеднаш, веројатно откако сфати дека разговорот се најде отскитан на седмиот колосек, таа отворено праша: дали откривањето на непознати детали немало да поттикнат кај синот нови, уште понепријатни прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Славој Жижек тврди дека посматрањето конотира моќ, но и (врз примерот на Хичкоковите филмови како Прозорец во двор) упатува на посматрачот како на суштински неподвижен и немоќен сведок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Преку дијалектиката на посматрање и (не)моќ Хирст ја активира двојната природа на уживањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)