Тоа, се разбира, е благодарно подрачје за некои современи мрежни проекти и перформанси коишто се структуирани како непрекинато откривање на опскурното под површината на убавото тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)