Тогаш, неговата библиотека ја преплавија книги за јагулите, географски карти на кои беше обележано нивното движење, по Езерото, па низ реката што истекуваше од него, до морето и до океанот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во големи јата го напуштаат езерото и низ реката Црн Дрим одат во Јадранското Море, а оттаму во Атланскиот океан, и кај Бермудските острови ја фрлаат икрата...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само ќе растрчуваат низ реката, подгазувајќи ги јаболката. Обичаи...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓу новински интервјуа, некои посебно значајни, што подоцна ги даваше за различни весници, Цви Корец најмногу се сеќава на овој разговор. И ете: Ечат улиците на Жешов со извиците на продавачите на весници што забрзано се пробиваат низ реката минувачи по главната улица, по која освен разгргорен јидиш се говори и построг полски и несовршен германски.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тргнала сламка га, ја зафатила матицата и ја однела низ река.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
При тоа нуркање сме минале низ реката на заборавот “lete”); но нејзините води не ја избришале информацијата внатре нас туку само ја покриле и ние можеме одново да ја раз-откриеме (“a-leteia”).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Немаше моќ да насети и да пресуди дека знаењето е најскапото богатство на светот, богатство без цена.< Бакарниот отсјај на перјата Продолжија газејќи низ реката.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Игор Лозински прв се огласи: - Јагулите го напуштаат Езерото, заминуваат од Балканот, тргнуваат низ реките до далечните мориња, океаните...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И додека замислено гледаше во пламенот на последните факели на рибарите, и се внесуваше во тишината во која градот конечно заспиваше, задоволен од уловот на јагулите, Игор Лозински тивко продолжи: - Сега, спасените јагули среќно патуваат низ реката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше јасно дека само оттука можеше да започне големиот пат на јагулите, кој водеше преку Езерото, низ реката што истекуваше од него, потоа преку морињата, до океанот и назад, преку потомците…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Последната генерација која успеа да мине непречено од Езерото низ реката, до морето и океанот, пред да се затвори реката, се врати низ своите потомци и запре пред вистински, нов балкански ѕид.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Меѓу Албанија и Македонија, фашизмот и сталинизмот, едно семејство како и јагулите го бара патот низ реките до далечните мориња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше единствено сигурно дека јагулите низ реката сѐ уште слободно ја минуваа границата на нивниот долг пат до океанот и назад. Но, не за долго.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Игор Лозински како да ги погодуваше неговите мисли: - И така почна да се остварува една од најапсурдните наредби на Сталин - да се гради „водениот пат“ кој требаше да ги поврзе Балтичкото и Белото Море, минувајќи низ реката Свир, крај езерото Ладога, да стигне до градот Повенец, на крајниот север, на езерото Онега, и самиот Беломорски канал да заврши во пристаништето Биеломорск, на самиот влез на Белото Море.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој јасно вели, ако се спаси патот на јагулите низ реката, кон морето и океанот, ќе се спаси и Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во еден период, Татко се запозна со еден белоруски емигрант, лекар, добротвор, спасител на многумина од маларија од која страдаа луѓето со векови, кој му го откри непречениот пат на женските јагули низ реката, по Јадранското Море и Атлантскиот Океан, сè до Сарагаското Море и враќањето назад, по истиот пат, на новите потомци.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)