Молчеше и одеше Кијмет, се лизгаше како топло ветре низ сокаците, како ѕуница под облаците, како кордела од тишина, како стаена прашина врз камењата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа се отскри на тој начин што братучедот на Тодета, Јован Јанкулов Акиноски, некаде приквечер (се вратил од поле и дознал дека е Тоде затворен а дека Тодејца доа ја „сослушуваат“ офицери) со силна викотница, со пцости и со стап ги спопашка низ сокаците Куцарова и другите, а тие напиени, распојасани и поревнувајќи се се разбегаа на сите страни, пукајќи со револверите наслепо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Низ сокаците пак се лизгаа греовите, се лепеа ситните злости и пакости врз јазиците на дилизерите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одамна ниедна од сосетките не ѝ отвораше врата. Велеа дека е вештерка и тоа од уста на уста се пренесуваше низ сокакот, па и пошироко. ***
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)