низ (предл.) - тело (имн.)

Модерните примитивци се застапници на предхристијанските идеи за истражување на духовноста низ телото, коешто е единствен пат за стварно искуство во една медиски потполно загадена стварност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Името на движењето му го даде Факир Мусафар, кој се смета и за негов водач.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некако бев вкоренета во гласот, го чувствував како ми минува низ телеото, како жива духовна мисла, штотутку осознаена, која се распрснува насекаде низ телото и ме чини свесна за мигот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го гледа заветниот ковчег сместен во светиот шатор, тој симбол на номадскиот живот на избраниот народ и не може да се насити од таа глетка од која му поминуваат трпки низ телото зашто знае дека во Арката престојува самиот единствен и возвишен Бог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Лексиконот, мајчице мила...“ низ телото секавично ми минаа морници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подобро ќе е за тебе да учиш, а не да се занимаваш со вакви проблематични работи!“ зборуваше строго и ја крена тетратката - со изнашарани цветови, срца, прашалници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„А, ти си тој - Марко! Нели беше закашкан во аферата со чоколадите и сликичките - животинско царство? Како да ти се уарнило!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Морници му поминаа низ телото. Тој одеше во првиот суд на слободната земја, можеби да дели правда, а на паролите, однапред, со крупни букви, беа испишани сите пресуди.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Трпки ми поминаа низ телото, - рече Денко. - Од што? - Од одѕивот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веднаш потоа, штом прилегна, пак ја почувствува напнатоста, пак трпки му полазија низ телото и одново му се чинеше дека искокнува од својата сопствена кожа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаква лесна морничавост му мина низ телото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од студеното вино донесено од визбата, ѝ проструи сила низ телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш отиде до клупата и седна, а телото уште два пати благо ѝ се стресе и секое стресување, што ѝ минуваше низ телото ѝ ја одземаше вртоглавицата која сѐ уште беше во неа, и секое повторно смирување или сталожување одново ѝ враќаше дел од изгубената сила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози почувствува како виното ѝ изби на нејзините бледи образи. Ѝ го стопли и срцето, и покрај сето тоа, одвреме навреме низ телото ѝ минуваа бранови студенило - нејасен страв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мојот сон не загина, тука е, уште тлее, низ тело лебди, мојот сон, уште низ мене, како знаме на ангелското раме. Се вее.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Огненото тело протрча крај нас, мина низ телото на отец Стефан како низ ништо да минува и одлета кон небесата, над шумата, над ридот. Така беше, оти не беше поинаку, смерни и бедни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долгите раце му се пуштени низ телото, колениците опнати како затегнат лак. Чинам: се готви да ме прескокне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога мајка или баба ќе ме замиеја, веднаш чувствував олеснување, како некое пролетно ветре да ми поминуваше низ телото, ми го однесуваше огнот и јас во тој миг се чувствував веќе оздравен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Истото чувство повторно проструи низ телото на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ телото на Арсо поминува изненадна трпка на згрозување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор чувствува топол бран на задоволство развеано низ телото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Денес кога ќе слушнам некоја песна од Јабука или пак Оркестар, чувствувам пријатно струење низ телото.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И тогаш низ телото на младата жена поминале трпки, а нејзините молежливи очи упатиле поглед што го зборувал истото што би го кажале и подадените раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕидот пораснал уште повеќе, па младата жена продолжила: „Збогум, раце мои малечки, што се пружавте низ телото, вие веќе нема да приготвувате храна, ниту волна ќе предете, ниту пак ќе се составувате околу вратот на саканиот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дајте ми го тоа, браќа душовадници, и ако постапите така, ни мојот сакан господар ни пак јас нема да ве прекориме дента кога ќе се сретнеме пред Господа.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Морници минаа низ телото на Томето, кои ја исполнија со чувство на бескрајна радост и задоволство.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ми полазија морници низ телото, како оние кога пред тебе ќе излезе големо куче, без да знаеш оти ќе те нападне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште додека разговараше со О'Брајан, кога го сфати значењето на неговите зборови, низ телото му поминаа ладни морници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бран од ужасен страв му помина низ телото и исчезна речиси веднаш, но остави зад себе некакво мачно неспокојство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бодеж од страв му помина низ телото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некакво грозно претчувство, страв од нешто за што не беше сигурен што е, помина низ телото на Винстон штом го здогледа кафезот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едноставно голтаа сѐ, а тоа што го голтаа не им нанесуваше штета затоа што зад себе не оставаше ништо, исто како што зрното пченица минува несварено низ телото на птицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Студени морници ѝ поминаа низ телото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лекарите ќе можат да патуваат низ телото на пациентот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми пролазија мигум морници низ телото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја држев за рака крај креветот, небаре ја контролирав топлината која ѝ струеше низ телото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Студени морници ми пролазеа низ телото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Морници ми пролазија низ телото. Не можев да се соземам во насолзената прегратка на татковата сестра.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да не ги замениме со суровите моруни, дури и со оние кои се нарекуваат ,,хеленски” и кои што имаат жолтеникави дамки низ телото и отров во устата, на коишто Римјаните им ги препуштале осудените на смрт: Ad moraens.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ладни морници му минаа низ телото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тегобност и некоја магливост му минаа низ телото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во влажната внатрешност беа сместени органите од бакар, месинг, сребро, алуминиум, гума и свила, пајаците испредоа златна мрежа и ја прицврстија во кожата; срцето беше сврза-но, во коскеното лежиште беше сместен мозокот од платина што ѕунеше и фрлаше искри од синкаст пламен, а низ телото, до рацете и нозете беа спроведени жици.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На бистрите вжарени капки пот што ѝ се слеваа низ телото.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И додека секавиците во далечина одблеснуваа, и нему секавици му минуваа низ телото свртувајќи се одвреме-навреме кон колибата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како што ми текна на последното, нешто неубаво ми помина низ телото и ми дојде да викнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ништо, ништо, - реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А мене во мигот ми го плени погледот голема колона мравки кои во организирана права линија се движеа низ телото на едно камено божество.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)