Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза на кафето кај Славета, се упатува за дома, малку - како и секогаш - се задржува пред фотографскиот излог на Сотка, пред да сврти во своето сокаче и пак се враќа назад.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едно време исчезна Кијмет. Долго ја немаше низ чаршијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Речиси секој ден, поточно ката утро таа ќе поминеше низ чаршијата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
СЕН ТРПЕ (втората половина на август, годинава) 8 – 8,30 наутро:
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И денес, кога минувам покрај сајџискиот дуќан на дедо Павле, сега папуџиски на Ахмет, сè уште можам да ги наслушам меѓусебните поздрави на занаетчиите додека со дедо ми наутро минувавме низ чаршија, на пат кон дуќанот: „Добро утро, газда Павле“, „добро утро, газда Јордане“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ќе поминуваш низ чаршијата пред богати занаетчии и градски првенци, и сите ќе те пречекуваат со аферим' ибн Бајко“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бошко пак, кој го виде тоа уште од на дуќан, се растрча низ чаршија да ја рашири веста за маката на својот господар и да бара некаков совет, или помош.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Беше време кога рисјаните ги беа веќе платиле арачот и сите други давачки, та малку се беа олабавиле и тоа Петре го сеќаваше по сѐ низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Калија не го караше кога Бошко наеднаш ќе се изгубеше за саат-два, ѕверејќи се низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сепак, и покрај чрчорењето на мојава весела придружничка, како да се работеше за неделна прошетка низ чаршијата, кога влеговме во дуќанот, не се осмелив веднаш да го погледнам в лице.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Гледајќи низ чаршијата по дуќаните свет што купуаа кому што му требало, се преесапило и тоа да вати неколку дуќани и да наклаит таквие стоки за да бидит тргоец.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Не гледаш оти сио народ кај ми стануаат и чес ми праат?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еден пазарен ден излегол царо да шета низ чаршија и кај што врвел покрај дуќаните, сите дуќанџии му стануале, само терзијата не му станал; при с¯ што го видел царо оти врвел, па не му станал, чунки преесапил ако стани, ќе изгуби стотина игли од работата и ете ти зијан.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ватило неколку дуќани и накупило турли - бе - турли стоки и наполнило дуќаните, наглавило измеќари и се курдисало како баш тргоец во царскио град да продаа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сакаш ли двете да им се измолкнеме одовде, онака сами, па да удриме едно тарашување низ чаршија, како кога бевме девојчиња?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)