Бојс секогаш зборуваше за давањето апсолутна предност на индивидуалната слобода.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс имаше многу лични идеи во однос на прашањето на мултикултурализ мот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој има кажано дека секое срце и секоја душа е различна и дека само низ нивната разноликост можно е да се трансформира и револуционализира концептот за општеството и националноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Неговите движења стануваат стереотипни и така му овозможуваат на антропологот низ нивниот ритам и стил да ги идентификува неговите национални, па дури и регионални карактеристики.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мислеа и премислуваа: каков ли ѓавол оди низ нивната куќа и растура несреќи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На заштитничката Богородица ѝ кажаа дека Пела веќе цела недела оди на училиште, дека ја засака учителката, а од учителката добива само пофалби, дека денеска ќе имаат сè најубаво за себе а и за некој гостин ако помине низ нивната куќа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Има луѓе кои веруваат дека мислите што минуваат низ нивната глава не се нивни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еден човек се прашува за своите мисли: „Кој го мисли ова?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Преку овие води, низ нивниот син лавиринт, можеше да се допре до многу значната тишина на предците, криена од брановите, заробеното дишење на светците во дното на бунарот, до самото Езеро крај манастирот Свети Наум.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бездруго, кога ѝ го избрале името Ервехе кое, на персиски, значи цвет, надвладеал некој персиски ген, со кој биле дојдени отоманските освојувачи и го накалемиле исламот во својот идентитет и, потоа, низ нивните походи во Азија, на Арабискиот Полуостров, низ Медитеранот, го пренеле и на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мислеа и премислуваа: каков ли ѓавол оди низ нивната куќа и растура несреќи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)