Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја изгуби семејната рамнотежа низ новите останувања и враќања помеѓу Турција и Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Гемиџиите овие последни денови од животот ги поминувале шетајќи се низ новиот кварт “Пиргите“ во дискусија и размислувања за успехот и ефектот на нивната акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа зајакнуваше низ новите страдања, таа се прочистуваше од новите удари на судбината што требаше да ги поднесе, излегуваше поголема од новите искушенија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбира дека не може да се зборува за еден праволиниски премин на уметноста од подрачјето на култното во подрачјето на профаното, како што не може директно да се согледа општествената задача на уметноста и формите за реализација на нејзината моќ низ новите уметнички стилови и содржини.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За Татко, кој бараше излез од егзилот со враќањето во родната земја, сега ова враќање на јагулите низ новата генерација, посебно го привлекуваше како остварена парадигма во природниот универзум, чија смисла како да беше загубена за човекот, небаре изгубен рај.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Овој киберкомуникациски процес толку брзо напредува, што за да се натпреваруваат, светскиот информациски пазар на 21-виот век, нациите, компаниите, дури и семејствата мораат да бидат сочинети од ориентирани кон промена, имагинативни индивидуалци кои се познавачи на комуницирањето низ новите киберелектронски технологии.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Припадниците на новиот вид едноставно се многу попаметни од старата гарда.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие ги вдишуваат новите информации како што вдишуваат кислород.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)