Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од Бадгаштајн па сè до Салцбург патов води низ планински австријски пејсажи, ишарани со борови шуми,пасишта, полјанки, куќарки, излетишта, мотели, населби, кои со својата архитектура се претопуваат во амбиентот на природата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа се влече низ планинските теснини, ја следи реката, лази незабележливо низ полето, ги обвиткува крадешкум перифериските куќи и наеднаш е на улиците: како непријател што ги измамил градските стражи и се пробил ненадејно низ слабо бранетите места, таа наѕирнува зад аглите, претрчува преку раскрсниците, ги освојува куќите една по една.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)