Колку се јазиците со поголема распространетост во светот (како англискиот, францускиот, па и германскиот...), во нив се прелеале најголем број зборови од туѓо потело низ постојана еволуција!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Неговата архитектура е „work in progress“, бидејќи во спротивност со конвенционалната архитектура куќата би морала да биде изградена низ отворен процес, што значи, низ постојани предлози за подобрување со креативноста на самите работници.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)