Кариби ли, на Балканот? Во Варшава, значи, Хана и Леон заминаа веднаш по свадбата која се случи во синагогата во Гдањск во присуство на најблиските роднини на младоженецот, во ритуалот во кој на двапати му падна јармулката, обредното капче што стои на темето во сите свечени мигови од животот на еден Јудеец, што внесе додатна вознемиреност во и онака нервозната атмосфера која владееше и пред, но и низ свадбениот ритуал.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)