Студенилото на спалната соба ја стресе низ тенката ноќница, па триејќи си ги рамената со рацете, дојде до прозорецот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оваа „монашка”, „естетска”, „воајерска” варијанта за (духовен) спас веројатно не е никакво „општествено” решение, но за тие пар згадени и истоштени луѓе (што читаат Маргина!) може да биде, ако ништо друго, барем еден репер повеќе. (Ова - по илјадити пат - никако никако никако не смее да се сфати како апологија на ескапизмот кој ионака „дрма” низ тенките слоеви на тн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со нозете во снегот кој заврнал преку ноќта, од другата страна на стаклото стоеше еден единствен гавран.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Низ тенката есенска магла небото трага по загубените ѕвезди. На брегот расте лековито билје, Патнику.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)