од (предл.) - бавча (имн.)

Еден дел од бавчата одзади куќата некогаш беше бил лозје и дури и денес тука излегуваа лози од старите пенушки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, раскажува, како нејзината ќерка, со сите квалитети во кој спаѓаат оние од кујната и дворот пред куќа, ги знае девојчето ама не вреди... никој веќе не бере гајле за штиркан чаршав што крцка под тебе и икебана од цвеќе собрано од бавча што сама си ги одгледала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сонцето што се плеткаше веќе по дрвјата од бавчите со стотина лачи удираше во валканото џамче и ја откриваше просторијата, односно одајката, како гостинска одаја од нејзиното сеќавање: џам, да, џам, леле Господи! И ќумбенце, и врата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Собирам трески, корнам од плотот, одградувам од бавчата и запалувам оган. Се грејам и го чекам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денот се измолкна преку врвот на планинката за која рекоа дека се викала Водно, како да бегаше од темницата што се подаваше од бавчите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)