од (предл.) - вода (имн.)

Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Над отворената влажна шахта, таму подалеку пред куќата, во која останала многу влага од водата, веќе кружеа три пеперутки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе излезат од вода, од гаќите и од под гаќите им капат само промашувања.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Го користат дамското право и слобода да се испружуваат во бикини, а како што се упорити бргу можат да стасаат и до топлес.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Крај таратурот, му беше ставила и чашка со неколку голтки мастика, побелена од водата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Алкохолните пијалоци главно се состојат од вода и етил алкохол (или етанол) кој се добива со ферментација на овошје, зеленчук и житарици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големите, намуртени, испотени глави на нашите балкански пливачи ѕиркаат од водата и не се обѕираат на непримерната сценографија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сум бил јас, Луцијо, сум бил веќе еднаш и момче, и девојка, и грмушка, и риба што скока од водата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тогаш од водата некаков рибар што минал беше го спасил со сила.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Таа се храни со своите жители и со сончева светлина, пие од водата, од дождот, која ние еднаш веќе сме ја пиеле.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И навистина, Фиданчо секое утро комплетната тоалета ја прави во езерото: се нурнува, се насапунува, па повторно се нурнува и како морж излегува од водата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од тоа, од сапунчето, од водата, од мирудиите и од триењето, нивното бело месо стануваше миризливо, младо, се стегнуваше некако, па крцкаше и се лизгаше низ прстите на мажите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Болеста доаѓа само од водата и од лебот, вели Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние ги преоѓаме реките, потоците, ама не се оддалечуваме од водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае дали се врати или само се приподигна од лебот, од водата, од алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека ќе почне, вели, во друго село ќе заврши, во оган ќе влезеш, од вода ќе излезеш. 178
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крвта повеќе мие од водата, се исклешти, глув за истрелите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас се враќав од вода, а беше веќе стемнето, ништо не се гледаше, одев со неколку другарки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„ Половината од водата испарила“, рече таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да се вежба во злостоп. Си постави претпоставки како „Партијата вели дека земјата е рамна“ и „Партијата вели дека мразот е потежок од водата“ и почна да тренира да не ги забележува и да не ги разбира аргументите што го докажуваа спротивното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го анализирам стаклото Што ме изделува од водата И знам дека и тоа ќе биде Задушен плач Од кој ми крвават табаните И црвени мониста се нижат Околу коренот на стеблото.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чауле зеде нова чаша со мастика и налеа во неа од водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мастиката ти е со снег, момче! - го фалеше Чауле пијалокот на Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш како дожд паѓам во бунарот. Се преплашува пајажината, мојот дожд паѓа на површината од водата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во вагонот милосрдната сестра е сѐ: и лекар, и интендант и господ: дели по малку од водата, од лебот, од лековите; не остава да се моча по сламата, секому му подава кофа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште неколкупати притисна надолу, дури како што видов, не го имаше растурено падобранот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред да почнеме да јадеме, тетка ми Олга намрштено го погледна приборот на кој имаше неколку дамки од водата од миењето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Двајца бригадирци излегоа од водата посрамени и покиснати до кожа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од вода и домашно огниште ништо поубаво на светов нема.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Парчиња од дотраените ќунци висеа на неколку места под стреата така што од водата што кога врнеше се излеваше по фасадата малтерот беше испопаѓан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од водата се накрева издишка, ти свири на уши, сол и јод ти лепи на устите, мене уште со прво ме потера на повраќање, сета сум ко ошумоглавена, воздухот ми станува плиток, не можам да го досегнам, не ми втасува дишењето,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислев, јас се убивам од работа цела ноќ и рацете ми набабруваат од водата и детергентот, за скапани седумстотини денари, а тој со другарите во рок од еден час испи дупло од таа сума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А јас само во водата пливам, нигде од водата не излегувам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Од водата искочив, дедо! - рече рибата тажно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)