од (предл.) - директор (имн.)

Адаптирано: Еден од директорите на театрите кај нас, му испраќа билети на првиот човек на партијата која го назначила за директор: „Ви ги испраќам сите билети за премиерата. Ако не дојдете, нема да има премиера“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ уште не сум видел некој од режисерите, уште помалку од директорите, од уметничките директори на театрите, да ја изартикулираат (па нека биде тоа и во пропагандниот материјал) причината поради која театрите ни се полни со претстави работени по делата на Шекспир, Брехт, Жари, Лем, Гловацки, Тарантино.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)