...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Каков сарказам! Сега, кога од дистанца го читам ракописов, си велам, добро, барем расчистив. Самиот тој ми помогна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
-, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)