Можам да пукнам од завист, но немам ништо друго освен кутија оловни букви, како што велеше оној писател Крлежа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И јале от това древо и се виделе голи. Ете от завист дјаволска дошла смерт.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
„Ова го велиш веројатно од завист!“, се обидов да му се спротивставам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Постојат желби да се владее со други, желби да се има нешто што го немаат други, па како што се вели тие други да пукаат од завист.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Танцот на сенките е наша реалност, ѕидовите на домовите ни се уриваат, темелите се сурово уништени од зависта, гневот, суровоста, гордоста, нечесноста, ненаситноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)