Кога видоа надлежните од комисиите оти со колци и јажиња граница не бива, почнаа да ја обележуваат со секакви стакла.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
– Се разбира, дете мое, ние не убиваме кози. – Нема да ги одведете со вас? – Не, не, само ќе извршиме мал попис! – заврши шефот и го погледна вториот член од комисијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Важно за селекторите беше каква позиција има јазичето меѓу устинките на дундата, каква боја имаат устинките од внатрешната страна (бојата требаше да биде блиску до розова, не црна како на оџак, а имаше и такви и такви).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Од она што можев да го гледам и да го слушам од комисијата за избор, акцентот се ставаше на формата на дундата: да не бидат устинките на дундата испуштени надолу, да има симетрија меѓу нив, да не биде едната подвисната во однос на другата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Понатаму, во октомври 2009, беа додадени шест нови члена (213-а–213-ѓ): • со првиот член се предвидуваше надлежен орган за утврдување на репрезентативноста, и тоа е Министерот за труд и социјална политика, на предлог од Комисија за утврдување на репрезентативноста; • вториот член ја уредува структурата на Комисијата, која е составена од девет члена именувани од Владата по предлог на министерот за труд – и тоа, по три претставника на МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)