Мораше да си докаже дека животот ѝ е повеќе од концепт и некаква книжевна, вештачки конструирана атмосфера.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да се потсетиме дека хомосексуалноста, како посебна класификација на сексуалното однесување, сексуална желба и сексуален субјективитет, првобитно се изнедрила од искуството и од концептот на родова инверзија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)