Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И запомни за злоносницата - лук, ракија. Како ѓавол од крст ќе ја стругне пред тебе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Шејтанот бега од крст. негов белег е чалмата.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кој бега од крстот, вели, бега од бога, бега кај ѓаволот, вели и вади кесе тутун жолт, жолт како дукат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го симнале од Крстот, го завиткале во платно-плаштеница и го положиле во гроб, што Јосиф го имал издлабено во една карпа, за себе и за своето семејство, и тежок камен навалиле на гробниот влез...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ти реков, се насмеал помладиот тревар. - Тој ни од удар на наџак не легнува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прости ми ги гревовите со лесна душа да појдам в црква на Воскресение Христово... и да се причестам... смирена да го примам Телото и Крвта на Синот Божји - од Богородица Мајчица роден... руган, плукан, мачен, распнат, умрен, од Крстот симнат, во Гроб легнат... си шепоти баба Петра седната пред куќи, веќе променета за в црква.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Од крстот, од ципите надолу. И ме втерува в земја, вели, а земјата бега од под мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)