Да го најдам излезот од лавиринтот што го гледам пред себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, колку што се напрега да го најде излезот од лавиринтот на спомените, тој толку повеќе останува пооддалечен од вистинските, барани спомени.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тука се правеше првиот од многуте мали чекори замислени од Кисинџер во Женева и прифатени од Арафат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Политиката на Хенри Кисинџер, чекор по чекор во решавањето на палестинското прашање, која беше наложена Мировната конференција во Женева, многумина ја сметаа за совршено промислена стратегиска стапица, која Јасер Арафат не ја разбра или не сакал да ја разбере и во која на крајот ќе се најде во лажниот излез од лавиринтот, во својата Палестина, како претседател, но всушност тоа ќе биде неговиот кафез во Рамалах кој ќе го напушти неколку дена пред својата смрт, се разбира со дозвола на израелскиот водач Ариел Шарон.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Рада проба да го пронајде излезот од ќор-сокакот, да излезе од лавиринтот кој самата го создаде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)