од (предл.) - месо (имн.)

Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу се најде на дофат на девојката, но патот му го блокираше еден огромен прол и една речиси исто толку огромна жена, веројатно негова сопруга, кои како да формираа непробоен ѕид од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Совршено различни ги прави делумно нивната различност од месото и коските, но главно просторот што го обележуваат и содржат, надворешното што тие го прават внатрешно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ги префаќам како божем да не допуштам жолчката да ми истече од месото на дното на садот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со еден збор, направила растур од варива, од меса, од сирење, од јадења.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Црна валчеста маса само од месо, од мускули, само од оган и пламен, сила планинска обвиткана со кожа, со светло кусо влакно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше сум му скинала и од месото и од ракавот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека од месото нивно кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над дрвото му висат поткинатите реси од месото, расчешани и речиси светнати од триење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А коските? Тие не му се предаваат на огнот и живеат илјада години подолго од месото и од жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дино отиде да гледа телевизија и ме викна и мене да седам со него, но многу ми се лошеше од месото што почна да ми се превртува во желудникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ако де, пробај, - ми рече повторно Дино и ми намигна низ насмевка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам во рацете нивни и мислам дека тоа и дрвјата од околу се наведнуваат да им дрпнат од месото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето се грабаат, се нафрлуваат, кубат од месото. А тоа живо не се кубе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)