И така, Пискулиев се откажа од намерата за бегање, се помири со судбината каква што е и каква што ќе дојде, а тоа и го поуспокои и го врати во неговата обична рамнотежа на духот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мајка ништо не можеше да ја одврати од намерата да ја мине границата, да го оствари судбинското враќање во родната земја, откако стигна црвената виза, токму на денот кога таа наполни 70 години.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но ако не го сторите тоа, ако не се откажете од намерата да продолжите со потрагата, обезбедете си светлосен извор, веројатно петролејска ламба, или светилка на батерија, за совладување на пречките што времето ги натрупало по тесните ходници.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Неее! Нисе тргни се од сеното! – викна баба Трајанка, Невена пискаше на цел глас, преплашена за татка си, го убедуваа Нисе да се откаже од намерата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Многу узди не можеа да го скротат тој силен дух, тоа Божество пред кого големите води молчеа, а небото се откажуваше од намерата да војува со него спроти секоја негова битка!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)