од (предл.) - плачење (имн.)

Се чудев каде да ги скријам зацрвените очи од плачење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Со косата раскубана, лицето подуено од плачење, целата свиткана, со неуредни алишта на себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очите не ѝ се гледаат од плачење на таа жена, залче не става в уста.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Докторе, пулсот, срцето.“ Стравот во разлеаните очи не беше предизвикан од плачење на гладни сирени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
КАТА: (се враќа липајќи од плачење и трча кон прозорецот, го отвора, вади шамиче и мрдајќи со него вика).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од плачење, велам, кај ти е Манол?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледаш се тепа од плачење, а не знаеш зошто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас не можев да сопрам од плачење. Немаше поп, а ни крст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не сите: се извлекле некако со пушки од сардисаното село Онисифор Проказник, Арсо Арнаутче и Лозан Перуника и со клетва над нож и Библија му објавиле војна на зулумот, на намразениот Али-бег и на сѐ што било под него и над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наутро, таа ги криеше од него очите, сцрвени од плачење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам што да сторам и како да ја успокојам мајка ми: ќе пукне од плачење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
– Нема да се скине од плачење затоа што си оди од дуќанот. – Но во новиот дом, во далечната, непозната земја, нема да биде вака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеше дека токму од тоа го доби срцебиењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)