од (предл.) - прозорче (имн.)

Иако од прозорчето пред него не се гледаше многу, само парче сиво небо, по менувањето на аголот под кој пишуваше, тој знаеше дека раното утро станало скоро пладне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со мака таа можеше некако да се провре меѓу железните прачки од прозорчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мими оди во авионот до најгорното седиште. Им мавнува со рака од прозорчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од прозорчето можеше да се опфати речиси целата просторија; дури и подиумот на кој беа сместени музичарите со излаштени инструменти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)