Поради неоснована клевета кај Французите, наводно дека се дружел со непријателите на Французите, тој е отпуштен од службата, дури и уапсен, но оставен да лежи во Командата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако се преселив кај Нинослав, станот што го добив од службата го прилагодив во студио кое, разбрав многу подоцна, било постојано под аудиовизуелен надзор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Инсталацијата ја поставил и со неа работел Богдан Русимиров, а материјалот се систематизирал и се анализирал во кабинетот на Шефот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За уметникот нема поголем идеал, поголема мисија од службата на народот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси. Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Родољубието, младо момче не се наплаќа – беше одговорот Притоа неговиот поглед поминуваше некаде покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- А по колку чашки добиваш од службите, за информациите што им ги носиш?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И уште нешто: кога циркуската публика не ги пречекува кловновите со смеа и весели извици, ги отпуштаат од служба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Просто - бев отпуштен од служба тогаш кога требаше да бидам најсреќен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)