од (предл.) - сој (имн.)

Се виде дека човекот не е од сојот на газдата на арабаџиите, се гледа дека е еснаф човекот му дошепна Афз Б. на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Остави - реков. - Јана ми ја одзеде првата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од сојот на кучките - ме префтаса помеѓу гробовите гласот на Катерина. - Што наоѓаат кај неа мажите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Детето тој час познало измамата си, ама немало веќе шчо да чинит: житото било растоарено - сакало, нејќело, останало да сомелит брашното.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќосето собрало брашното и го сипало сето во казанот, ѓоа за да месит погача, ама не замесило тесто, туку се сторила кнока каша како за тури - подпечи или за питулици (зашчо брашното било малу спроти водата).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ете - рекло детето - пилето паткино, ако и малоо, ама пливат и не се удај, оти је од сојот на патките.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Инаку, кучињата се најумните суштества.. Само да се погоди од сој...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)