Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Востанието имало големи симпатии и поддршка кај сите села од утоката на Бистрица во Солунско, па дури и во самиот Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)