Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
А и јадењето! Фрижидерот секогаш им е полн, Љубе одлично знае да готви, а најмногу ми се допаѓа кога со Саше ќе не прати по пиво, ќе рече три ладни од фрижидер пивца за мене, а за вас што сакате, сладолед, кока-кола купете си по своја волја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам дали има баш толку многу пари, повеќе од татко ми, ама знам дека е трошаџија, како што вели Тета, а тоа нам на децата ептен нѝ одговара.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во неколку чекори од фрижидерите пристигнаа на касата, и тука работите почнаа да се одвиваат бргу.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Од фрижидерот да вади јајца и рамномерно да ги фрла на патос?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Го оставив леѓенот и му донесов едно шише од фрижидерот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Пенкалцата... моливчињата... листовите... види... пишував, - му реков и ги извадив водените раце од фрижидерот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Рацете ми се набабрија и не можев да ја издржам болката, па си ги пикнав во слојот мраз што се има налепено на горниот дел од фрижидерот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)