Ако сум чочек на нотите од чезата читај ме читај не дочитај портокалов портокалов брезин корен зачитан.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко на крајот рече: Е, мој Камилски, и јас така станав дел на изреката меѓу народот: Не те прашуваат што правеше во на гурбет, туку што донесе!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еден од куферите падна од чезата, широко се отвори и од него испаднаа книги, многу книги. Некои од присутните се уплашија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се поместија куферите од чезата, преполни со книги, широко се отворија и од нив излегоа многу книги, едни велеа дека го поарчил времето за книгите, времето во гурбет, други велеа оти нешто му се заматило во умот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)