Напишав проштално писмо и го оставив најгоре во сандакот, каде што ми беше чеизот и меѓу другото забелешка „Ако останам жива – добро, ако пак загинам, од чеизот да им се даде на децата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога пак ќе земеше Калија, например, да утлеисува, да го разгорува ќумурот во железната утија: или кога ја креваше жешката црепна вадејќи го врз пирустијата табакот со зелник: кога ќе се забревташе толчејќи со ќускијата слануток: или кога ќе се наведнеше полека и растреперено врз ковчегот со невестинската руба во кој сѐ уште имаше дел од чеизот, е тогаш, Бошко гледаше како шафранот од нејзиното лице станува божур, а белузлавите очи како трчаат од далечина и почнуваат да светат како жеравици.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)